Венко Филипче во ек на епидемија на морбили ги измами граѓаните и ја злоупотреби својата внука за политичка измама. Филипче призна дека лажно и кажал на јавноста дека неговата внука е вакцинирана од морбили, иако таа не е, само да ги увери родителите дека вакцините се безбедни, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму потенцираат дека со ваквот манипулативно однесување, министерот лично го загрозува процесот на вакцинација и ја нарушува и онака слабата и нарушена доверба на граѓаните во системот.
„Филипче мора да понесе одговорност, очекуваме надлежните институции да преземат соодветни мерки. Министрите треба веродостојно да ги информираат граѓаните и да не ги лажат, да ги дезинформираат, ниту пак да ги манипулираат. Министерството за здравство предводено од Филипче прво велеше дека има вакцини со изминат рок, за потоа да речат дека нема вакцини со изминат рок, туку декларациите се променети и помешани, за сето ова потоа да се обелодени дека ќе се уништуваат вакцините. Господине министер, знаете ли дека вие со вашето лажење и манипулирање директно го загрозувате здравјето на најмладата популација и ја нарушувате вербата во системот?, прашува Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.