Купување на луксузни автомобили во ек на пандемија и безпарица со буџетски пари за директорите на ФЗОМ се граничи со лудост и е доказ колку СДСМ се одлепени од реалноста, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Власта нема пари за болнички возила, за инсулини и клексани, ама има за два ултра луксузни Форд Мондео титаниум. – Срамота!

Стево Крстевски и Фатон Ахмети, двајцата директори на ФЗОМ кои ги купуваат возилата за себе веднаш да го раскинат договорот и со истите пари да набават две болнички возила.

Овааа набавка е уште понесфатлива ако се земе предвид фактот дека владата набавува 45 возила за министрите и директорите. Ова е врв на расипништво и не сакање да се скрати од луксуз во време кога на народот му го земаат лебот од уста.

Како се чувствуваат Крстевски и Ахмети кога би седнале во луксузните лимузини, знаејќи дека половина милион луѓе живеат со 2 евра на ден, 60.000 останаа без работа изминатата година, 6.200 фирми се затворија? Како можат да се луксузираат со народни пари, а на народот да му зголемуваат даноци и да му го земаат и последниот денар?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.