ВМРО-ДПМНЕ денеска излегува на улица на протест против, како што велат, црнилата кои СДСМ ги наметнува. Од партијата нагласуваат дека протестираат затоа што се против економските црнила, против сиромаштијата, зголемените даноци и беспарицата кои му тежат на секој еден граѓанин, против економијата која стагнира и која губи здив
Против сме општествените црнила, против загрозеното здравје на граѓаните и нефункционалниот здравствен систем и тивкиот убиец загадувањето кое наместо да се намалува, се мултиплицира-велат од партијата.
Протестот ќе започне во 17 часот со место на тргнување од Плоштад ВМРО и ќе заврши пред владата на Република Македонија каде говор ќе одржи лидерот Мицкоски.
Comments are closed for this post.