Под слоганот „За честита Македонија“ во Домот на културата во Струга ќе почне конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на претседателски кандидат.
551 делегат ќебираат меѓу девет кандидати што се јавија на огласот што го распиша партијата. .
Секој кандидат ќе има право на 15-минутна презентација, а на крај е предвидено обраќање на партискиот лидер Христијан Мицковски, по што ќе следува гласањето.
Изборот може да заврши во првиот круг доколку еден од кандидатите добие најмалку 184 гласа, односно, една третина од вкупниот број. Во спротивно, се организира втор круг со првите двајца, во кој победува оној со најголем број гласови.
Првиот круг од шестите претседателски избори ќе се одржи на 21 април, а вториот одлучувачки круг на 5 мај, додека мандатот на Ѓорге Иванов истекува на 12 мај.
Листа на кандидати за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори
Никита Шекутковски, доктор на математички науки и редовен професор на ПМФ
Ѓорѓи Манасков, машински инженер и претседател на Стопанската комора за енергетика на Македонија
Васко Костов, фармацевтски техничар
Влатко Ѓорчев, правник, пратеник во Собранието и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Гордана Силјановска Давкова, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, катедра за уставно право и политички систем.
Илија Димовски, професор во пензија на Шумарски факултет при УКИМ во Скопје.
Филип Петровски, д-р на политички науки и поранешен директор на Државниот архив
Горан Ангелов, правник, поранешен претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Виница
Сашо Кутлешовски, д-р по земјоделски науки
Comments are closed for this post.