Денеска Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, разговараше и ја анализираше актуелната политичка и економска ситуација во Република Македонија. По состанокот изјава за медиумите даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Практично сите оние случувања во Република Македонија беа разгледувани на маса, сите можни сценарија во иднина беа антиципирани и врз основа на тоа донесе неколку заклучоци. Би сакал дел од нив да ги споделам со македонската јавност, се разбира преку вас медиумите.

Имено за што станува збор, Македонија никогаш како што е сега не била по поделена, ниту по политички, ниту по партиски, ниту по национален, ниту по граѓанска основа. Македонското општество во овој момент се наоѓа во можеби најтешката ситуација од осамостојувањето на Република Македонија, поради сите оние погрешни политики кои што владата на СДСМ и Зоран Заев ги водат речиси две години. Сето она кое што се случува претставува порази, разочарувања, недостоинствени прифатени предлози, никакви реформи во економијата, нула реформи во здравството, катастрофални реформи во образованието, осиромашување, пљачкосување на македонската држава, иселување, крајна разочараност, демотивација, деморализирање на граѓаните на Република Македонија, без разлика на нивната етничка и партиска национална припадност.

Она што денеска Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, но потоа и Централниот комитет на партијата го потврди е дека утре во текот утрешниот ден пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“, ќе поднесат во парламентот барање веднаш Претседателот на владата Зоран Заев да си поднесе неотповиклива оставка, формирање на техничка влада. И истовремено ќе поднесе иницијатива за распуштање на парламентот и организирање на предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските избори, на исти трошок за сите оние тези кои што ги имаше Зоран Заев и јуришниците околу него да бидат изведени на површина и да ја видиме вистинската нечестита намера на Зоран Заев и СДСМ.

Бидејќи во минатото не обвинуваа дека наводно сме барале избори, а сме молеле Бога да не ги добиеме изборите, еве сега ќе има можност тој, СДСМ, но и владеачката коалиција, владиното мнозинство  да одлучат и да прифатат или да го одбијат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на следните неколку дена, па граѓаните на Република Македонија да видат кој е за, а кој е против предвремени парламентарни избори ,кој бара, а кој моли Бога истите да не ги добие.

ВМРО-ДПМНЕ сака да го спречи пеколниот план за уништување на Република Македонија и за уништување на Македонецот во Македонците од Зоран Заев и групата околу него. Знам дека денеска веднаш по завршување на оваа прес конференција, до ова обраќање до граѓаните на Република Македонија, ќе излезе кујната за лаги и манипулации на Зоран Заев и ќе кажува дека ова се некакви мрачни сценарија итн.

Но, јас повторно ќе кажам ние имаме детална анализа на тоа што се случуваше, целосна антиципација на тоа што ќе се случува. Македонија практично под владение на СДСМ и Зоран Заев престанува да постои и затоа на денешната седница на Извршниот и Централниот комитет беа изнесени сите информации и сите факти кои што ги имаме како раководство и како политичка партија со кои што располагаме.

Бараме веднаш Зоран Заев да си поднесе неотповиклива оставка, формирање на техничка влада, и веднаш организирање на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Имаме време и за реформи, имаме време и за сето она што Зоран Заев не го направи изминатите речиси две години, но исто така тоа ќе биде можност да ги корегираме сите грешки кои што Зоран Заев и владата на СДСМ од секаква природа ги направија изминативе две години“, рече Мицкоски.

Што ако предлозите не се прифатат?

Што ако предлогот не биде прифатен?

– Наше е да предложиме. Демократските правила, демократските процедури се неприкосновени во оваа држава, па граѓаните во Република Македонија ќе можат јасно и гласно да видат кој е тој кој што моли Бога да добие избори, а кој е тој кој што моли Бога да избега од избори. Се разбира за следните чекори, јавноста ќе биде информирана. Одиме чекор по чекор, внимателно ја анализираме ситуацијата во Република Македонија. Јас ви реков едногласна е одлуката и на Извршниот и на Централниот комитет на партијата дека Македонија никогаш не била во поалармантна и понеизвесна состојба од тоа што е сега.  Ние место да добиеме едно општество за сите, ние добиваме никакво општество за никого. Луѓето се разочарани, демотивирани, деморализирани, ја напуштаат Република Македонија и одат во без излез со семејствата.  За жал таква е реалноста во Република Македонија. Кој сака да верува дека та е спротивна мислам дека или себе си се залажува или се обидува на непринципиелен начин со ниски страсти да ја залаже македонската јавност.

Дали ќе инсистирате на 100 дена техничка влада или можно е да се направи отстапка?

– Го разбирам вашето прашање, бидејќи искуството во изминатите недели месеци вели дека во оваа држава можеме да тргуваме со правото и правдината, со законите да ги менуваме, да правиме повторно заробено, ослободено општество за реализирање на политички цели. Но, ние би биле исти како нив ако правиме компромис со овие атрибути. За нас владеењето на правото и демократските принципи на една држава и правната држава се од круцијално значење, заради тоа ние нема да правиме никаков компромис со законот, правото и правдината. Јасен е закон што значи техничка влада, јасен е законот и времетраењето на техничката влада колкаво ќе биде, така што навистина овие исклучоци кои ги воведе Зоран Заев, продолжиме и ние да ги применуваме, тогаш би биле исти. Зошто граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а не за СДСМ. Ние треба да покажеме дека како генерација политичари сме различни и дека треба да се водиме од интересите на граѓаните за подобар живот во Република Македонија, а не за полош од ова што е сега. Така што да сумирам, нема компромис со правото и правдината.

Што значи тоа ако нема 100 дена, вие нема да учествувате на предвремени парламентарни избори?

-Тоа значи дека треба да се почитуваат во оваа држава правото и законите. Ништо повеќе и ништо помалку.