Пратеникот Владимир Ѓорчев планира да се пријави на огласот на ВМРО-ДПМНЕ за претседателски кандидат.

Јавниот оглас во најголемата опозициска партија трае до крајот на месецот. Засега не се знае колку точно кандидатури се пристигнати во опозициската партија.

На конгресот во Струга кој треба да се одржи на 16 февруари, опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави кандидатот за претседател на Македонија.