Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека се забележува дека многу граѓани деновиве или не носат маски или тие ги носат под брадата или во рака.
Со оглед на ова, Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести утре ќе достават предлог до Владата, санкционирањето за неносење заштитна опрема да почне веќе веднаш, односно утре или најдоцна во вторник“, рече Филипче.
Тој повторно апелираше дека оваа мерка мора да се почитува и дека заштитната опрема треба да се носи така како што е пропишано на затворено, и на отворено кога не може да се држи физичка дистанца од 2 метри.
„Секако дека има и граѓани кои оваа мерка ја почитуваат, и сакам да се заблагодарам на сите тие коишто ја почитуваат свесни дека ова е еден од клучните механизми за борба против вирусот. Досега сите мерки дадоа резултат, јас сум уверен дека и оваа мерка како и сите претходни за кои има оправданост, ако доследно ја почитуваме ќе се заштитиме и себеси и нашите семејства и сограѓаните, сите околу нас, ќе превенираме раст на број на заболени којшто еве веќе 2 месеци е еден процес којшто одлично го држиме под контрола“, рече Филипче.
Comments are closed for this post.