По вчерашниот ден е повеќе од јасно дека власта има потребното двотретинско мнозинство за уставни измени согласно Договорот од Преспа.
Премиерот Заев ги прифати барањата на лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села и ќе може да смета на трите нивни гласови. Заев се изјасни дека е прифатливо во Преамбулата Албанскиот народ, Турскиот и останатите да бидат на исто рамниште Македонскиот за некоја заедница да не се почуствува помалку вредна.
Покрај тоа, се прифати и со уставен закон да биде нагласено дека Косово е наш петти сосед. Исто така во однос на „Дијаспората“, премиерот Заев посочи дека наместо „дијаспората на Македонскиот народ“, се додава „и на другите заедници“.
Како што стојат работите најверојатно нема да се прифати барањето на Беса во делото на државјанството да се избрише „македонско“ и да стои само „граѓани на Република Северна Македонија“.
Но,и без нив власта речиси сигурно ќе има 80 пратеници, а не се исклучува таа бројка да се зголеми.
Расправата за уставните измени почнува денеска во 12 часот. Максимум може да трае десет дена но се очекува се да биде готово најдоцна до крајот на неделата бидејќи опозициската ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека нема да учествува.
Comments are closed for this post.