Владејачкото мнозинство ги повлече од собраниска процедура измените на Кривичниот законик. Официјална информација зошто се повлечени нема, но како што дознаваме тоа се прави поради притисокот од јавноста, но и од странски амбасади дека со измените се отвора можност за амнестија и на обвинетите во случаите кои ги води СЈО.
Измените предвидуваа промена на членот 353 според кој се предвидува одговорност за сите службени лица кои со злоупотребата на службената положба оствариле „некаква корист“. Со измените ќе се бараше одговорност само за оние функционери кои оставриле „имотна корист“.
Според собраниски извори, измените во КЗ било планирано да се носат во контекст на престојното гласање за предлог-амандманите на Уставот, откако премиерот Зоран Заев објави дека недостигаат уште четири гласа за двотретинско мнозинство. Проблематчни според проценките биле гласовите на независните пратеници Елизабета Канчевска – Милеска, Емилија Александрова, Нола Исмаилоска, Владанка Авировиќ и Зеќир Рамчиловиќ, кои директно или индиректно, се поврзани со случаи што ги води „СЈО“.
Измената влезе со потписи на пратеници.Собранискиот спикер Талат Џафери на стартот на седницата, која започна со задоцнување од речиси еден час информираше дека пратениците предлагачи ги повлекуваат измените.
Реагираше координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески дека набрзина се носат закони и дека се злоупотребува европското знаменце.
Повторно сме сведоци на ставање на европско знаменце, а не ги исполнуваат деловнички условите за да бидат така предложени. Устите ви беа полни со право, правна држава, а вие го кршите Деловникот и законите, рече Мицески.
Comments are closed for this post.