Аерозагадувањето во Македонија руши светски рекорди. Македонија е помеѓу државите со најзагаден воздух во светот и со најзагаден воздух во Европа. Граѓаните се директни жртви на неспособноста на власта, како локалната така и на централната. Цената за неспосбноста на власта граѓаните ја плаќаат со своите и животите на своите најблиски. Вознемирувачки се податоците на Светската здравствена организација дека над 3 илјади граѓани годишно ги губат животите како директна последица на загадувањето, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:
Нема место за политички калкулации и политиканство кога станува збор за животите на македонските граѓани. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Собранието вчера поднесе Информација за енормното загадување на амбиеталниот воздух во државата. Одродената и криминална власт на чело со аболицираниот Зоран Заев ветуваше „живот за сите“ и решение за проблемот со загадувањето. Ова ветување како и сите други се покажа дека е уште една шарена лага. Власта не се грижи за здравјето на граѓаните. Власта единствено се грижи за криминалните тендери и грантови преку кои ги испумпува парите на граѓаните на сметките на партиските и државни функционери.
Од партијата велат дека нема место за политиканство кога станува збор за здравјето на нашите најмили. Оттаму бараат веднаш, власта да ги прифати нашите предлог итни мерки за справување со енормното загадување на воздухот.
Експертите потенцираат дека со итни мерки против загадувањето можат да бидат спасени преку илјада животи кои прерано згаснуваат како резултат на преголемото загадување на воздухот.Дали овие илјада животи кои можат да бидат спасени со итните мерки против загадувањето на воздухот се помалку важни од удобството на државните функционери и партиски пајташи од СДСМ? Дали здравјето на граѓаните е помалку важно од лускузните автомобили и удобните фотелји за кои владата планира да потроши неверојатни 7 милиони евра? Апелираме уште еднаш да се прифатат мерките кои живот значат. Во спротивно власта треба да си замине и да остави друг да се грижи за здравјето и животот на граѓаните. Колку побргу си замине Заев, толку подобро за сите, се потенцира во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.