Претседателот на државата Ѓорге Иванов не може да даде помилување на осудени за „27 април“, бидејќи со тоа би го прекршил Уставот и законот, рече владинот портпарол Миле Бошњаковски наведувајќи две причини за тоа.
Како прва, тој наведе дека постапката се води исклучиво преку Министерството за правда, со оглед дека не постои законска основа за помилување без претходна постапка во ова Министерство, потсетувајќи дека избришан е членот 11 од Законот за помилување, кој предвидуваше таква постапка од страна на претседателот на државата.
Втора препрека, како што истакна владиниот портпарол, е фактот дека имаме претседателски избори и во овој период не постои начин како да се даде помилување.
Comments are closed for this post.