Владата во пресрет на изборите подготвува нова кампања во која ќе го афирмира и промовира членството во ЕУ и придобивките кои ќе ги имаат граѓаните.Ова убедување ќе ги чини граѓаните 350.000 евра.

Договорот е веќе потпишан пред една недела, тежи 18 ипол милиони денари, а скопската фирма „Вертиго НМЕ“ треба да изработи слоган, дизајн на лого, графички стандарди, комуникациска и креативна стратегија, дизајн на билборди, промотивни видеа и видео анимации, веб банери, графички решенија за социјални мрежи, ПР стратегии.

Кампањата ќе ги опфати придобивките од евроинтеграцискиот процес и членството во ЕУ за граѓаните на Македонија, преку повеќе канали на комуникација…велат од  од Владата за „Алфа тв“.

 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера не беше расположен да говори за кампањата но пред неколку дена се закани дека ќе ги објави имињата за тие што биле против ЕУ.

Владата пред неколку месеци тераше кампања дека „Ние сме ЕУ“ а за време на референдумот за името велеше дека треба да поддржиме промена на името за бесплатни здравствени услуги во Европа.