Власта планира да ја трансформира мерката „трето дете“ и наместо тоа да премине на право на користење на надомест за прво, второ и за трето дете. Според предвидените измени ќе следува еднократен износ од пет илјади денари за прво дете, 20.000 денари а второ, а за третото дете еднократен износ од 60.000 денари.
Според министерката за труд и социјална политика Мила Царовка, мерката што во 2009 година ја воведе претходната влада не ги дала очекуваните резултати а со планираните законски измени, ќе се посветеле на праведност во демографскиот развој.
Многу е важно дека трето дете како политика ја чини државата на годишно ниво повеќе од 2 милијарди и 600 милиони денари, но резулатите не се постигнати. Секоја мерка може да се воведе и по десет години гледате дали дала ефект или не, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на привремените живеалишта на бездомници во Визбегово.
Предлог законот за измена и дополнување на Законот за заштита на децата е објавен на страницата на Националниот електронски регистар на прописи каде пред да оди во Собрание треба да се разгледа на владина седница.
Со измените на Законот за детска заштита донесен во 2009 мајката 10 години добиваше 8.048 денари додаток за трето дете. За родено четврто дете, пак, ако добива додаток за трето дете, помошта е 11.267 денари во траење од 15 години.
Comments are closed for this post.