Владата не сака да ја коментира судската одлука за инцидентот кога фолклорна група го постави знамето на Република Албанија. Според владиниот портпарол Миле Бошњаковски вели дека постои закон за употреба на знамиња и оти јасно е предвидено каде може да се поставуваат.

Се што е утврдено во законот треба да го почитуваат сите.Во однос на настанот во Охрид има веќе првична судска одлука. Штом судската одлука е таква каква што е очигледно е дека постојат прекрушуваа на законот-објасни Бошаковски.