ВМРО-ДПМНЕ обвинува

Владата на Заев успеа да ја врати Македонија назад во мрачните времиња на транзицијата

04.10.2018 / 10:51


Владата на Заев и СДСМ направија економски пустош во државата. За година и половина владата на Заев успеа да ја врати Македонија назад во мрачните времиња на транзицијата. Пропаднатите бизниси и компании кои заминуваат во стечај повторно се сликата за Македонија исто како во 90-тите, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека СДСМ се врати на власт за да ја доврши криминалната транзиција и целосно да ја девастира македонската економија.

Градежништвото, кое е мотор на економијата и влече со себе околу 20 други гранки, е во слободен пад. Минатата година градежништвото во Македонија забележа катастрофален пад, а градежништвото пак годинава споредбено со август минатата година е во минус за огромни 30 проценти. Странските директни инвестиции во јули годинава се во едноцифрен број на милиони евра. Сите макроекономски показатели укажуваат на фактот дека црното економско трио составено од Заев, Тевдовски и Анѓушев во изминатите година и половина направија финансиски пустош во државата. Криминалниот картел на власта спроведува општ грабеж во државата. Додека владата на СДСМ ги задолжува граѓаните за милионски суми, парите наместо за проекти и капитални инвестиции, преку криминални тендери и грантови легнуваат на приватните сметки на високи партиски и државни функционери на СДСМ, соопштуваат од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека СДСМ се обиде и насила да им го одземе достоинството на граѓаните, односно идентитетот, името и јазикот, преку капитулантскиот договор од Преспа.

Се обиде преку распродажба на државните и националните интереси да го продолжи животниот век на политичката кариера на Зоран Заев. Граѓаните гласно и кажаа доста, на власта на СДСМ. Огромното мнозинство од 1.2 милиони граѓани на Македонија преку апстиненција се одлучија да каже НЕ на капитулантскиот договор со Грција, НЕ на криминалот на власта, корумпираното судство и криминалниот картел на власта. Покрај притисоците, заканите и уцените граѓаните јасно и гласно кажаа дека на крајот Македонија ќе победи, се наведува во партиското соопштение.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Демократска партија на Турците ќе избира нов лидер на 25 мај – проф. д-р Муедин Кахвеџи најсериозен кандидат

пред 2 часа
Македонија

До 100.000 евра за млади брачни парови кои ќе се преселат на село и ќе станат земјоделци, планира Владата

пред 9 часа
Македонија

Пет години од легендарното „Цар Самоил је пуно шетао, и Кирил и Методиј су радили исто такви ствари“ на Заев

пред 9 часа
Македонија

Филипче во Штип: Од луѓето слушнав дека тешко се живее, цените растат секој месец

пред 23 часа
Македонија

Мицкоски: Можеби ќе чуеме каде исчезнаа 200.000 Македонци од Западна Буагарија од 1956 до 1965 година

пред 1 ден
Македонија

Сиљановска и Радев ќе зборуваат на НАТО самитот, на маса ќе бидат и претставници на ЕУ и САД

пред 1 ден
Македонија

Kaja Kaлас нема план Б за Македонија

пред 1 ден
Македонија

Претседателката Сиљановска на чело на македонската делегација за Св.Кирил и Методиј во Рим

пред 1 ден
Македонија

Денеска лето, 31 степен

пред 2 дена
Македонија

Kaja Kaлас во официјална посета на Македонија

пред 2 дена