Владата на Ковачевски ја составувал Заев, а со неа ќе управува ДУИ, со поддршка на ЛДП, ДОМ и ДС, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Пиунот на Заев Ковачевски безпоговорно ја прифатил владата која Заев му ја составил, каде министер е Оливер Спасовски, заради кој сме на врвот на листите за криминал и корупција, Љупчо Николовски, чие најголемо достигнување беше заплена на една картонска кутија на путер со поминат рок, Славјанка Петровска, заменичка на Спасовски, Благој Бочварски за кој никој не знае кој ресор го води, и Фатмир Битиќи кој заедно со Ковачевски е меѓу највиновните за енергетската криза. Оваа влада е составена од сите луѓе на Заев, за заштита на криминалот на Заеви. Со оваа влада ќе управува ДУИ и мафијата, а за тоа за неколку директорски места ќе даваат поддршка ЛДП, ДОМ и ДС, истакнуваат од опозициската партија.
Comments are closed for this post.