Влатко Ѓорчев нагласува дека дека власта ја злоупотребила довербата на граѓаните и на студентите за да дојде на власт, а потоа ги изневерила нивните очекувања. Тој кажа дека состојбата во Македонија е алармантна и дека луѓето, а особено студентите масовно се иселуваат.

„Имаме ситуација каде што луѓето масовно се иселуваат од Македонија имаме заробено судство, имаме состојба каде беа ветувани инвестиции од Google, но не се остварија“- кажа Ѓорчев.

Ѓорчев потенцираше дека во последниве 20 години немало гарнитура која што дошла со толкав ентузијазам и ветувања како СДСМ и дека за повеќе од една година ништо од ветувањата кои биле дадени во предизборието не се остварени што е поразително и тоа го чувствуваат младите а посебно студентите на своја кожа.