Владата денеска на седница ќе разгледува и одлучува за воведување на целодневната настава во училиштата, соопшти министерката за образование и наука Мила Царовска. Со СОНК договараат решенија како ќе се надмине проблемот со зголемениот обем на работа на наставниците кои ќе имаат дополнителни часови.
Ако се пушти целодневната настава, малите групи од 20 ученици ќе си работат со двете наставнички како што било и досега. Не станува збор за дневен престој, туку за целодневна настава. Дневниот престој не е дискутиран зашто таму се мешаат деца од повеќе одделенија и од повеќе групи, а во целодневната настава се едното одделение со истите наставнички. Затоа е важно тоа денеска да се разгледа на Влада и да се донесе одлука како што препорачуваат од Комисијата за заразни болести, рече Царовска при посетата на основно училиште во Гази Баба.
Со СОНК и градоначалнците е дискутирано за решение за наставниот кадар кога одделението ќе треба да се подели на помали групи. Едната опција е итна и неодложна, рече Царовска, зашто треба дополнителен кадар.
Имаме друг персонал којшто може да се вклучи за поддршка на целодневната затоа што во вториот дел од наставата имаме повторувања на знаењата кои поминале во текот на денот, што значи дека и друг од училиштето може да помогне тука, а по Законот за работни односи имаме можност и за плаќање дополнителни часови, објасни Царовска.
Претседателот на СОНК Јаким Неделков рече дека е сериозен проблем дуплирањето на часови со оглед на кадарот со кој располагаат училиштата особено ако се воведе целодневната настава. За Синдикатот е неприфатлива опција 50 наставни часови во текот на неделата.
Comments are closed for this post.