Марихуана нема да се легализира за рекреативни цели и не постојат тековни владини анализи по ова прашање. Ова го одговорија од владата по информацијата објавена од ТВ21дека марихуаната ќе се легализира наскоро и дека тоа ќе биде спроведено првично од Охрид и Струга, со цел привлекување на повеќе туристи.

Станува збор за дезинформација. Не постојат тековни владини анализи за легализирање на марихуаната за рекреативни цели. Владата останува на почитување на постоечката регулатива со која во земјата е дозволено производство на канабис исклучиво во медицински цели“, велат од Владата.