На отворањето на споменикот на УЧК во кумановско Слупчане дојде целиот врв на ДУИ. На сретсело каде е подигнато ова обележје високо 20 метри а „тешко“ 200.000 евра дојде лидерот Ахмети кој порача дека ова треба да не обединува и оти „Ослободителната народна армија“ која е огранок на УЧК е нераскинлив дел од историјата на оваа земја.
До Ахмети беа министерот за економија Крешник Бектеши, неодминливиот Артан Груби и претседателот на Собранието Талат Џафери кој иако пред три дена рече дека за Бајрам ќе седи дома се појави во Слупчане.
Во селото се вееја знамиња на Албанија, ечеја песни за УЧК а на бината имаше фотографии од борци на оваа организација.
Споменикот Ахмети го најави уште минатата година коа се слави „денот на мачениците на народот“.Општинта Липково и Министерството за култура си ја префрлаат топката чија е наделжноста за споменикот и дали тој има дозвола да биде поставен.
Comments are closed for this post.