Западот треба да покаже дека позитивните примери треба да бидат наградени, а Преспанскиот договор беше таков позитивен пример. Тој отвори ново поглавје во односите меѓу Грција и Северна Македонија, даде можности за подобра економска соработка и го отвори патот на Скопје кон Европската Унија. Преспанскиот договор има ефект и врз целиот регион, тој е резултат на серија активности и е важен моментум за интеграција на целиот Западен Балкан.

Ова го порача поранешниот помошник американски државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел во обраќањето на Самитот на „Економист“ што се одржува во Скопје.

Мичел го истакна и Договорот за добрососедство со Бугарија, а како клучни за иднината на регионот ги посочи разговорите меѓу Белград и Приштина и очекуваниот почеток на пристапните преговори на Македонија и Албанија со ЕУ.

Тоа се позитивни настани кои не беа замисливи пред некое време. Станува збор за подлабоки процеси. Ние на Запад пред извесно време мислевме дека за Балканот нема да може да ги надмине предизвиците во политичка, економска и безбедносна смисла, но се чини дека овие времиња завршија. Регионот и светот сега изгледаат многу поразлично во споредба со 90-години. Поминаа 16 години откако во Солун му беше ветена европска перспектива на Западен Балкан. Конечно очекуваме тоа да се реализира, кажа Мичел.