Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, поведе истражна постапка против државјанин на Венецуела, со потекло од Египет поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на психотропни супстанции и прекурсори.

Истражната постапка доаѓа по поднесена кривична пријава од Царинската управа, донесе наредба за спроведување истражна постапка против обвинетиот, кој допатувал во Македонија на скопскиот аеродром со лет на релација Цирих-Скопје на 5 декември.

Царинските службеници на аеродромот, при извршен личен преглед и преглед на личниот багаж на ова лице, пронашле и одзеле наркотична дрога – кокаин во зипер вреќичка со нето маса од 332,6 грама скриена во рачките од куферот. Во исто време биле пронајдени и шест најлонски вреќички со вкупна нето маса од над 1,5 килограми кои биле сошиени во долната облека.

Поради опасност осомничениот да избега и да го повтори кривичното дело, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог на осомниченото лице да му биде определена мерка притвор, соопшти ОЈО Скопје.