Венецијанската комисија ги поздравува постојаните напори на властите на Северна Македонија да ги донесат правилата со кои се регулира судскиот систем во согласност со меѓународните стандарди. Овие напори во изминатите две години се движат претежно во вистинска насока, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Предлог-законот за Судски совет, се оценува генерално позитивно. Тој носи многу корисни измени. На пример, наодот за прекршување на Европската конвенција за човекови права повеќе не е причина за намалување на резултатите од оценката на резултатите на судиите.
Предлог-законот е појасен и внатрешно кохерентен. Венецијанската комисија со задоволство забележува дека се следени значителен број на претходни препораки. Севкупната проценка овозможува да се заклучи дека одредбите од нацрт-законот најчесто се во согласност со меѓународните стандарди и, доколку се толкуваат и спроведуваат, можат да обезбедат независност и ефикасност на судството.
Позитивно се оценети новите критериуми за избор на членови на Судскиот совет.
Покрај другите позитивни измени на Законот за Судски совет, во мислењето на Венецијанската комисија се препорачува и психолошките тестови повеќе да не се користат при изборот на членовите на Судскиот совет, со што се намалува можноста за политички влијанија при изборот на членовите на Советот.
Се повикуваат властите да оценат дали мнозинството / специјалното мнозинство кое се бара на пленарните состаноци на Судскиот советза донесување одлуки за назначување и унапредување на судиите или за дисциплинска одговорност на судиите и членовите на Советот, се реални. Процесот на донесување одлуки треба да биде дизајниран на таков начин што ќе осигура дека пленарните состаноци на Судскиот совет нема да се најдат во ситуации каде би било невозможно или исклучително тешко да се донесе одлука.
Што се однесува до дисциплинската постапка, законот треба да предвиди механизам за филтрирање на поднесените претставки против судиите директно до Судскиот совет, можноста да се даде овластување да се одлучува за допуштеноста на жалбите, наместо на пленарната седница на Судскиот совет, да му се даде на едно помало тело во рамките на Судскиот совет. Апелацискиот совет треба да има последен збор за жалбата против дисциплинската санкција наметната од страна на Судскиот совет, и да може да ги поништи одлуките на Судскиот совет само во случаи на големи грешки во примената на процедуралниот и материјалниот закон.
Постапката за регрутација на судиите треба да биде појасно објаснета во законот. Особено, законот треба да специфицира каква улога има рангирањето на кандидатите изработено од Академијата за судии и јавни обвинители во процесот на селекција и како тоа влијае на гласањето од страна на Судскиот совет.
Релативната тежина на различните параметри вклучени во оценувањето на перформансите треба да бидат под постојана ревизија. Посоодветно да се пропишат точните нумерички вредности на тие параметри во прописите донесени од страна на Судскиот совет, а не во самиот закон, за да може да се променат доколку е потребно. Законот треба да објасни како резултатите добиени во оценувањето на работата влијаат врз одлуките на пленарните состаноци на Судскиот совет за промоција на судиите.
Венецијанската комисија со задоволство забележува дека последната верзија на нацрт-законот спроведува многу од нејзините и останува на располагање на властите на Северна Македонија за секоја дополнителна помош во оваа област
Comments are closed for this post.