„Тимоние ја кажал непријатната вистина.  Власта премолчала бидејќи ја знае со месеци.
Медиа-орбитерите на СДСМ-ДУИ вознемирени, оти со вистината паѓа цела дводецениска нво-медиа-амбасади џес-пломп шема. Merci beaucoup“, напиша поранешниот пратеник Ивон величковски на фејсбук.

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние ги изјвади дипломатските ракавици, па со прост јазик и со конкретни примери објасни зошто нема датум за Македонија. Тој вчера ги изненади присутните на конференцијата „Како понатаму? Реформите на јавната администрација по јунскиот Европски совет“, што се одржа денеска во „Холидеј ин“.

Што сте запнале со тој датум? Па имате толку многу проблеми. Во Струга градоначалникот се однесува скандалозно, УНЕСКО ќе ви го одземе статусот на Охридско Езеро, имате толку многу корупција, се менуваат директори на школи на дилетантски начин, блесаво е да барате датум за преговори овој период, имате толку многу проблеми, ќе треба уште да работите за да бидете спремни за датум, чудна ми е таа ваша опседнатост со датумот! Ние не треба да ве оставиме изолирани без пат кон ЕУ, но не треба ниту да ви прогледуваме низ прсти“, изјави францускиот амбасадор Тимоние, после неколкуте инсистирања на модераторот дека датумот во октомври треба да е сигурен, со што индиректно најави дека Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ ниту во октомври.