Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека е потврдена лидерската средба за в недела со претседателот на ВМРО–ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
На новинарско прашање дали ќе се одржи лидерска средба, Заев по презентацијата на резултатите од проектот за намалување на смртноста на мајките и на новороденчињата во Клубот на пратениците, кусо одговори дека средбата со Мицковски е потврдена за в недела, не прецизирајќи го терминот.
Претседателските избори, реформските закони и Специјалното јавно обвинителство, како што е најавено, ќе бидат трите клучни прашања на кои ќе се разговараат Заев и Мицкоски.
И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ претходно потврди дека ќе се разговара за тие три значајни прашања.
Comments are closed for this post.