Известување и информации за следните активности на ГРАЃАНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА „УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА”

„Почитувани граѓани на Македонија… без разлика на пол, раса, религија или партиска припадност и политичко убедување… Почитувани родители и старатели… баби, дедовци, вујковци, тетки, стрини, чичковци… Почитувани средношколци…Почитувани наставници и професори… и сите останати засегнати страни со измените во Законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование. Како овластен застапник и претставник на ГРАЃАНСКАТА ИНИЦИЈАТИВА „УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА“, Ви се обраќам со ова известување и барање за поддршка во процесот на стопирање на донесувањето на Законот.

Имено, по неуспешните обиди да најдеме компромис и разбирање од надлежните иституции, продолжуваме со следните чекори во нашата мисија за СТОПИРАЊЕ на донесувањето на Законот. Ве повикувам, сите заедно да излеземе на МИРНИ ПРОТЕСТИ против донесувањето на овој непромислен и контроверзен закон. Ве повикувам… сите заедно да излеземе на МИРНИ ПРОТЕСТИ во градовите во Македонија и МИРЕН МАРШ во Скопје…  и сите заедно да го искажеме нашето мислење и нашиот став за Законот.

МИРНИТЕ ПРОТЕСТИ ќе се одржат координирано во поголемите градови низ Македонија на 15 мај (Сабота) со почеток во 12:00 часот, пред седиштата на Општините.

МИРЕН ПРОТЕСТ И МИРЕН МАРШ ќе се одржи во Скопје, со почеток во 12:00 часот, пред Министерството за образование и наука, а рутата на движење предвидува собир пред Владата на Македонија… и конечно… пред Собранието на Македонија.

Целта на оваа наша заедничка мисија е покренување на ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА ЗА РАСПИШУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНДУМ ПРОТИВ ЗАКОНОТ. Согласно УСТАВОТ и ЗАКОНИТЕ го имаме правото за непосредно изјаснување и одлучување, односно покренување на иницијатива за распишување на РЕФЕРЕНДУМ ПРОТИВ ЗАКОНОТ. Ние родителите… одлучуваме за иднината на НАШИТЕ ДЕЦА… НАШИТЕ ВНУЦИ… НАШИТЕ ПРАВНУЦИ….

Нашите деца се нашиот свет…. Нашите деца се нашата иднина… Ние одлучуваме каков свет и каква иднина ќе им оставиме на нашите деца.. Ние носиме одлуки единствено и само во интерес нашите деца и генерациите кои следат…Ве очекуваме на терен согласно протоколите за активности на отворено во услови на пандемија… Очекуваме да бидете пристојни и креативни, без говор на омраза и нарушување на јавниот ред и мир. Ви благодарам…

Драгана Спасевска / Овластен застапник и претставник на ГРАЃАНСКА ИНИЦЈИАТИВА „УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА“