И по 20 месеци континуиран отпор против рудникот на смртта Иловица-Штука и интензивна аргументација од наша страна која ги докажува погубните последици од истиот, надлежните државни институции и натаму не застануваат во наша одбрана и не го раскинуваат договорот со концесионерот Еуромакс Рисорсис, иако имаат полно законско право на тоа. Време е сами да се заштитиме од опасноста, во рамките на заедничка генерална акција под мотото сите против рудникот на смртта!“, велат од „Здрава котлина“.
Од таму потенцираат дека првата активност ќе биде „предупредувачка блокада“ на целокупниот сообраќај на кружниот тек на излезот од Струмица кон Бугарија (кај силосите), а воедно ќе биде блокиран и транзитниот пат.
Блокадата ќе се одржи со почеток во 11:30 часот и ќе трае 2 часа.
Организацијата потенцира дека целта е на сите надлежни државни институции заеднички да им покажат дека трпението е изминато и дека проблемот мора итно да се реши.
Единствени барање од оваа блокада ќе бидат: Прво, итно одземање на концесијата на компанијата Еуромакс Рисорсис од страна на Владата на РМ. Второ, итно изгласување на измените во Законот за металични и минерални суровини од страна на Собранието на РМ, велат од здружението.
Ова ќе биде прва и предупредувачка блокада, најавуваат од здружението и најавуваат дека ќе блокираат и протестираат сѐ додека не се исполни, според здружението, единствена цел – Стоп за рудниците на смртта“.
Comments are closed for this post.