Гостиварка завршила на скопските клиники со тешки повреди на главата откако паднала од балкон.

Според СВР Тетово, педесетгодишната У.Ј, вчера околу 16 часот и 30 минути додека се обидувала да ја поправи ролетната на прозорецот, паднала од столче од балконската тераса. Балконот немал ограда и таа од висина од околу три метри паднала врз мермерните плочки. Од падот се задобила со повреди на главата и медицинско возило пренесена во гостиварската болница.

По укажаната помош У.Ј. итно префрлена е и задржана на скопските клиники.

Извршен е увид и се расчистува случајот.