МВР соопшти дека утре (26.03.2021) со почеток од 13.30 часот најавен е протест, кој ќе започне од паркот во Чаир, а ќе продолжи кон Владата.
Од тие причини СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, па од 13.30 часот до завршување на протестот затворени за сообраќај ќе бидат улиците: „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, „Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“, велат од полицијата.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Според најавите, утре повторно ќе биде организиран протест на роднините на осудените во „Монструм“. На последниот протест пред четири недели, на кој имаше и нереди, приведени беа осум лица, а повредени беа седум полицајци.
Comments are closed for this post.