Пратениците во рамки на денешната 112. седница со 58 гласа „за“, тројца „против“ и нути еден воздржан го изгласаа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка – предложен од пратениците Арбана Пашоли, Арбен Зибери, Арбер Адеми, Арта Биљали-Зендели, Бајрам Кадрија, Бедри Фазли, Берат Ајдари, Вјолца Адеми, Љатифе Шиковска, Марија Георгиевска, Мерита Колчи Коџаџику, Рина Ајдари, Фиснике Бектеши Шаќири и Халил Снопче. Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги задолжи собраниските Комисијата за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правно комисија да расправа по овој предлог-закон.

Координаторот на пратеничката група на Демократската унија за интеграција и еден од предлагачите, Арбер Адеми истакна дека Предлогот на законот е овозможување на ефикасно работење за државните патишта како градба која што е предвидена со Законот за јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка.

Сепак она што е добо е што предлагачите – група пратеници од ДУИ, го повлекоа Предлог-законот за заштита на културно наследство за кој се крена експертската јавност и граѓаните.