Уставните промени ќе се реализираат по референдумот во духот на македонско -грчкиот договор и го гарантираат македонскиот идентитет.
Ова e одговорот од СДСМ на прашањето од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски кој бара власта да одговори дали е вестина дека уставните аманмани кои треба да ги спроведе Македонија се изготвени од грчката влада и се дадени во форма на нон пејпер.
Со промените децидно се повикуваме на конститутивните документи на АСНОМ, преку што се потврдува и зацврстува историскиот континуитет на македонската државност, а согласно Спогодбата се дефинира дека ниедна страна нема територијални претензии кон другата.
Од СДСМ додаваат дека ќе се обезбедат и гаранции за непроменливоста на државните граници на Република Македонија.
Доколку навистина е за ЕУ и НАТО, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја напушти матрицата на лажни вести и ќе даде поддршка на процесот што ја обезбедува македонската иднина. Се уште има доволно време, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се приклучат кон мнозинството граѓани, да покажат одговорност и да го повикаат членството да излезе на референдумот и да гласа ЗА европска Македонија!, стои во партиската реакција.
Comments are closed for this post.