Уставните измени кои Собранието ги усвои минатата недела ќе бидат оспорени пред Уставниот суд. Група експерти подготвуваат претстапка со која веруваат дека ќе го натераат Судот да ги поништи уставните измени кои се случија како последица од Договорот од Преспа.
Главен арумент дека уставните измени се донесени спротивно од Уставот ќе биде одложеното дејство кое јасно е наведно и во амадманите и во објавата во Службен весник.
Измените е предвидено да стапат на сила со одложено дејство, односно откако Грција ќе ја исполни својата обврска да го изгласа Договорот од Преспа и да го потпише протоколот за членство на Македонија во НАТО.
Адвокатот Томе Тодоровски, кој веќе има искуство со иницијативи пред Уставниот суд, нагласува дека е недозволиво амандманите да влезат во сила по влегувањето во сила на конечната спогодба меѓу страните по влегувањето во сила на конечната спогодба.
Според него, апсурд е што со објавување во Службен.весник со одложено дејство на амандманите истите да бидат ставени на чекање , или парадоксот да биде поголем амандманите одложено да влезат во сила со Уставен закон кој веќе е влезен во сила .
Така што во конкретниот случај Уставниот закон има поголема правна сила од Уставот што е недозволиво и невидено досега .Сето ова е спротивно на Уставот и согласно деловникот Уставниот суд може и мора по службена должност да го поништи ова изигрување на Уставот и законите-нагласува Тодоровски.
Уставниот суд има едно искуство со одлука со одложено дејство. Тоа беше случај со Собранието кое реши да се распуши на 16 јануари 2016 година а одлуката требаше да важи од 24 февруари за изборите кои требаше да се одржат на 5 јуни.
Тогаш Судот ја поништи одлуката за распуштање на Собранието со образложение дека Уставот на Република Македонија не познава состојба на одложено важење на одлука.
Comments are closed for this post.