Законот за јазици ги крена на нозе експертите и партиите. До сега најавени се три иницијативи до Уставниот суд за негово оспорување. Речиси сите претставки се однесуваат на тоа што законот е објавен во Службен јазик без указ на претседателот.

Сите законски акти досега во Службен весник се објавувале со потпис на шефот на државата. Единствен пат кога ова правило е прекршено е во 1998 година со  Законот за употреба на знамињата.

Тогаш Уставниот суд го укина законот преку кој „припадниците на националностите во Република Македонија го изразуваат својот идентитет и националните особености“, поради тоа што беше потпишан само од претседателот на Собранието Тито Петковски, но не и од тогашниот претседател Киро Глигоров.

Професорот Јове Кекеновски смета дека покрај тоа што законот нема потпис од претседателот спорно е и тоа што е донесен со недоволен број пратеници.Тој е убеден дека за законот треба да има двотретинско мнозинство, односно најмалку 80 пратеници.

Иницијатива пред Уставен подготвува и адвокатот  Томе Тодоровски, кој веќе има искуство со иницијативи пред судот, нагласува дека е недозволиво амандманите да влезат во сила по влегувањето во сила на конечната спогодба меѓу страните по влегувањето во сила на конечната спогодба.

Според него, апсурд е што со објавување во Службен.весник со одложено дејство на амандманите истите да бидат ставени на чекање , или парадоксот да биде поголем амандманите одложено да влезат во сила со Уставен закон кој веќе е влезен во сила .

Така што во конкретниот случај Уставниот закон има поголема правна сила од Уставот  што е недозволиво и невидено досега .Сето ова е спротивно на Уставот и согласно деловникот Уставниот суд може и мора по службена должност да го поништи ова изигрување на Уставот и законите-нагласува Тодоровски.

Иницијатива за оспорување за Законот за јазици најави и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.