До Уставниот суд стигнати се десет инијативи во кои се бара судот да го поништи законот за јазици. За Договорот од Преспа пак има четири иницијативи каде се бара сторирање на сите обврски кои произглегуваат од спогодбата меѓу Македонија и Грција, дознава Пресинг ТВ.

Дел од иницијаторите се обратиле до судот со прашање кога овие иницијативи ќе бидат разгледувани од уставните судии, но се уште не добиле одговор.

Во иницијативата за Законот за јазици стои дека законот ќе доведе до тешки финаниски импликации по државата и дека не се знае колку пари ќе чини сето тоа.

Покрај тоа, иницијаторите сметаат дека може да се предизвика несакани штетни последици по државата како што се федерализација, кантонизација, па дури и распад.

Во иницијативата пак за Договорот од Преспа се наведува дека е доведен опстанокот на државата и дека крајната цел е да не постои македонски народ и јазик и дека судот мора тоа да го земе во предвид.

Уставниот суд досега се изјасни дека Собранието може да ги носи уставните измени предизвикани од договорот со Грција, како и тоа дека не постоеле пречки да се одржи референдумот на 30 септември.