Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата со која политичката партија Левица бараше да се поништи Одлуката за разрешување на пратеникот Фадил Зендели донесена од Комисијата за избор и именувања во Собранието.
Со оспорената Одлука се врши конкретно разрешување на член на Комисијата и тоа претставува конкретен-поединечен акт, па според уставните судии, таа не е пропис и нема основа за уставно-судска оцена.
Според судијата Насер Ајдари, Уставниот суд не може да се впушти во анализа на постапката за разрешувањето и примената на одредбите од Деловникот на Собранието, а со тоа и во оценка на основаноста на наводите истакнати во иницијативите и мериторно да одлучува.
Судијата Осман Кадриу на седницата кажа дека овие прашања по својата природа се мошне чувствителни, се политизираат и проблематизираат во јавноста и затоа Уставниот суд е најповикан орган да изрази мислење.
– Актот на Собранието е индивидуален правен акт со кој се решаваат конкретни статусни прашања. При вакви акти кога се ценат од аспект на уставна контрола се индивидуални акти и не подлежат на уставно-судска контрола, рече Кадриу.
Comments are closed for this post.