Уставниот суд и во скратен состав работи во корист на министрите и функционерите. Судот кој треба да го штити Уставот и граѓаните повторно се стави на оние кои народски кажано „не се за жалење“.

Па така, Уставниот суд донел одлука со која се укинуваат два члена од Законот за плати и надоместоци на избраните и именуваните функционери. Со укинувањето на овие членови платите на функционерите ќе се зголемат за 78 отсто.

Што значи тоа во бројки

Еден функционер, градоначалник или носител на јавна функција сега ќе има плата над над 1.500 евра а пак министрите 1.800 евра.

Досега ниту еден министер, ниту градоначалник не се пожали на одлуката на Уставниот суд.

Единствен кој имаше реакција е градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски.

Тој вети дека зголемувањето на платата, согласно одлуката на Уставниот суд во целост ќе го донираза хуманитарни цели за семејства со ниски месечни примања и семејствата на уставобранителите.

Уставниот суд донесе одлука со која се предвидува зголемување на платите за носители на јавни функции. Јас морам да ја почитувам таа одлука бидејќи е донесена од страна највисокиот орган кој ја штити уставноста во Македонија. Но, можам разликата да ја донирам и тоа со задоволство ќе го направам.