Уставните судии одлучија да не поведат постапка за оценување на уставноста на одлуката на Собранието за отпочнување на уставни измени од 19 октомври.
Со бучна расправа, на моменти и тензична уставните судии со шест спрема три беа против иницијативата поднесена од страна на Светскиот Македонски конгрес и адвокатот Томе Тодоровски.
За мнозинството на судии, одуката за уставни измени е во надлежност на Собранието и дека тука нема ништо спорно. Постои и овластен предлагач, во случајот на владата и дека единствено за што можело да се расправа е за бројката на пратеници, односно дали двотретинско мнозинство е 80 или 81 пратеник.
Во образолжението Судот беше јасен, одлуката на Собранието не е пропис и не е во спротивност со член 110, алинеја 2 од Уставот и според тоа не навлегува во оценување на уставноста.
Судијата Јован Јосифовски на седницата запраша ако Уставниот суд не е надлежен да одлучува за отпочнување на уставни измени тогаш кој е надлежен, дали тоа е Основниот суд, Врховниот, или можеби Специјалното обвинителство.
За него е и спорно е и тоа што во одлуката за пристапување кон измена на Уставот стои веднаш да се објави во Службен весник.
Зошто толку брзање, не е ниту воена ниту вонредна состојба-праша Јосифовски.
Тој е јасен дека членот 27 од законот за рефефрендум не е во согласност со членот 73 од Уставот.
Судијката Елена Гошева на расправата истакна најгласни реакциите на јавноста околу промената на уставното име и дека треба подлабоко да се навлезе во овие иницијативи.
Од каде му е на Собранието надлежноста да го промени името на државата – праша Гошева.
Поголемиот дел од судиите сметаа дека нема ништо спорно, одлуката за промена на Уставот да биде донесена со 80 пратеници бидејќи тоа е потребното двотретинско мнозинство, бидејќи кога Собранието броело 123 пратеници биле потрребни минимум 82 пратеници.
Претходно судиите со мнозинство гласови не го прифати предлогот на еден од судиите да се свика подготвителна седница и јавна расправа на која експерти ќе го кажат својот став за уставните измени од страна на Собранието.
Судијата Мурати сметаше дека треба да се расправа за тоа дали одлуката за двотретинско мнозинство требало да се донесе со 80 или повеќе пратеници.
Comments are closed for this post.