Подгрупата за помирување во Собранието изготви Предлог-закон за амнестија, што денеска ќе биде доставен до копретседавачите на Комисијата, за тој што побрзо да биде донесен.

Пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ вели дека пратениците од опозицијата остануваат на ставот дека амнестија треба да има за сите од 27 април.

Не учествуваме во работата на тоа тело затоа што апсолутно станува збор за политички пазарења за уставното име Република Македонија. Нашиот став е принципиелен, а тоа е дека треба да има амнестија за целиот настан за да нема политички условувања, уцени, перипетии и сето она што го гледаме зад затворени врати, а очигледно е дека тука има многу политика, многу пазарења, освен правда, изјави Ѓорчев.