Уставниот суд не поведе постапка со која ќе ја оценеше законитоста на ковид сертификатите. Според информацијата, иницијативната со која се спореше одлуката на здравствените власти да се забрани влез во објекти и делови од објекти без поседување сертификат за извршена вакцинација за корона вирусот односно примена најмалку прва доза од вакцина против Ковид -19 и потврда за прележана болест во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Судијата Вангелина Маркудова на седницата рече дека наводите во иницијативата се неосновани, бидејќи одлуката на здравствените власти е разумна и е донесена за општо добро поради пандемијата со Ковид -19, а врз основа на препораките на СЗО. И судијата Дарко Костадиновски се согласи дека Одлуката на здравствените власти е разумна, легитимна и е за општото здравје на граѓаните.

Спорно за подносителот на иницијативата Николче Марушевски, меѓу другото било ограничувањето на движењето.

Неколку земји во Европа ги укинаа сертификатите за влез во јавните објекти и за патување, но во нив бројот на вакцинирани лица е висок, за разлика од Македонија каде што тој е под 40 отсто и е еден од најниските во Европа.