Во врска со објавите од повеќе медиуми по однос на последното дополнување на Деловникот на Уставниот суд,  ја известуваме јавноста дека Судот наскоро ќе објави посебно соопштение со кое ќе ја образложи оваа деловничка интервенција, велат од Уставниот суд.

Истовремено, Судот мора со жалење да констатира дека во голем број дел од денешните објави на медиумите, беа објавени неосновани и непримерени квалификации за органот и уставните судии. Притоа, најголем дел од вестите беа објавени без претходно да се побара било какво објаснување, туку истото беше побарано откако медиумите ја објавија веста, се наведува во соопштението на Судот.