Професори, доктори,оперски пејачи, успешни спортисти.Успешни луѓе од различи профили се во новиот стратешки тим на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој го промовираше вчера.

Покрај познатите, професорите Гордана Силјановска Давкова и Сашко Кедев кои беа претседателски кандидати, има многу нови имиња од различни профили.

Проф. Д-р. Владимир Дукоски, професор во пензија, стратешки соработник за технолошки развој и образовни политики. Инаку бил визитинг професор на Универзитетот во Братфорд. Дипломирал на политехничкиот универзитет во Лавов, а магистрирал и докторирал на универзитетот во Загреб.

Игор Дурловски, нашиот оперски пејач ќе биде стратешки соработник за прашања од областа на културата.

Влатко Гигов, стратешки соработник за нови производи и социјални медиуми. Инаку државјанин на Шварцарија, своето образование на додипломски студии го стекнал на „Вебсторн“ Универзитетот во Женева, Швајцарија.

„Министерот за одбрана“. Борко Ристовски ќе биде соработник на полето на спортот.

Акан Махмут ќе биде стратешки соработник од областа на туризмот инаку Акан Махмут е косопственик и извршен директор на ЕРАК групацијата од Скопје. Инаку ЕРАК групацијата е составена од повеќе компании чија главна дејност е логистика транспорт на патници и туризам..

Стратешки соработник за прашања од областа на корпоративното право е именуван Александар Климовски кој што работи и се образувал, односно своето образование го стекнал на додипломски, постдипломски студии и на докторски студии на истоимениот факултет каде што е во моментот редовен професор