Денеска во 15 часот истекува рокот за поднесување барања за амнестија за настаните во Собранието од 27 април 2017 година.
Досега во Кривичниот суд во Скопје пристигнати се вкупно 38 барања. По истекот на овој рок, Судот и Обвинителството ќе имаат рок од пет дена да одговорат кој ќе биде помилуван, а кој не
Откако го потпиша претседателот на државата, законот беше објавен во Службен весник. Согласно законот, амнестија нема да има за организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје како и службените лица кои ги пречекориле овластувањата.
Алијансата на Албанците најави дека законот ќе го оспрори на Уставниот суд
Comments are closed for this post.