Експресно, за само три дена пратениците ја поминаа втората фаза од промена на Уставот, обврска што власта ја презеде со договорот од Преспа.
Собранието ги изгласаа сите четири нацрт-амандмани што ги предложи Владата согласно Договорот од Преспа.
Бевме сведоци на бледа расправа со повремени реплики и тензии.Против промена на Уставот беше ВМРО-ДПМНЕ а независната пратеничка група беше воздржана.
Откако помина оваа втора фаза следуваат пет дена јавна дускусија, а нацрт- амандманите се враќаат во владата на доработка за да се добие нивната конечна предлог-верзија. Во оваа фаза пратениците ќе можат да поднесуваат амадмани на амандманите.
Потоа претседателот на Собранието, Талат Џафери, е должен во рок од 30 дена да закаже нова седница за која повторно ќе биде потребно двотретинското мнозинство, односно 80 пратениви
Comments are closed for this post.