Единаесет земји-членки на НАТО досега го ратификуваа Протоколот за членство на Македонија во Алијансата. Вчера во еден ден парламентите на Полска и на Словачка го ратификуваа документот со кој земјава и официјално ќе стане 30-та полноправна членка на Алијансата.
Како што изјави во средата и словенечкиот амбасадор во земјава Милан Јазбец, досега не се случило ниту една земја да има толку многу ратификации на Протокол за пристапување во Алијансата за само еден месец и половина, како што тоа е случајот со нашата држава. За него, ова е најдобар момент за пристапување на Северна Македонија во НАТО, бидејќи ова е симболична година, кога се одбележува 70 години постоење на Северноатлантската алијанса.
Comments are closed for this post.