Улиците на Скопје се претворени во бојно поле. Веќе не владеат законот и полицијата, туку оружјето и мафијата, истакна на денешната прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека среде Скопје на улица Рузвелтова е пукано во возило од друго возило во движење, двајца беа брутално ликвидирани.

-Испукани се над 25 куршуми, па вистинска среќа е што нема и други жртви, случајни минувачи, бидејќи се работи за место каде постојано се движат млади луѓе. Безбедносната состојба е сериозно нарушена. Улиците секој ден стануваат се повеќе крвави. Никој не се чувствува сигурен на улица. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека е нарушена безбедноста Оливер го злоупотребувавте МВР за да испраќате соопштенија дека тоа било само во главите на вмровците. Ги лажеше граѓаните, а сега неговите лаги се плаќаат со човечки животи. Нашите граѓани се плашат да излезат од дома, вели Ѓорѓиевски.

Тој прашува каде е превенцијата, зошто некој дозволил мафијата да стане толку силна и да се чувствува моќно и без стега да вади оружје и да пука на најфрекфентните улици?

-Наместо Република Македонија да оди напред, неспособното и корумпирано раководство на МВР не враќа 30 години назад, време кога во Белград, Србија, царуваа клановите а луѓето се плашеа да излезат на улица. Ова што го живееме не се европски стандарди, ова се мафијашки стандарди. Господине Спасовски излезете и и објаснете, преземете одговорност. Каде се убијците, кои се мотивите? Дали жртвите се блиски до еден член и активист на СДСМ кој напаѓаше опозициски политичари? За ова ли ги ослободивте 800 криминалци од затворите кога дојдовте на власт? Што им ветивте? Уште колку крв треба да протече за да ги задоволите политичките апетити и да си поставите партиски обезбедувач за директор на полицијата?, прашува членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорѓиевски вели Оливер Спасовски, збогум! Дадете си оставка додека не е предоцна.