Собранието ноќеска наликуваше како желботека на барањата на албанските партии за да дадат поддршка за законот за Јавно обвинителство.Власта е подготвена да им ги исполни буквално сите барања.
Собранието утрово ги изгласа измените на Изборниот законик. Конкретно се промени бројот на гласачите во две изборни единици. Со измените општините Дебар и Маврово-Ростуше се селат од шестата во петтата изборна единица.
Ова беше направено по барање на ДУИ за тие да добијат повеќе пратеници на изборите на 12 април.
Денеска се очекува да биде изгласано и барањето на БЕСА во личните карти да има националност Албанец. Претходно пак беше прифатено и изборот за Советот за јавни обвинители да биде по Бадентер.
Ќе видиме дали и ова ќе биде доволно власта да обезбеди 80 пратеници за Законот за јавно обвинителство.
Comments are closed for this post.