Оваа афера нанесе голема штета, не на мене, не на претседателот, не на ВМРО, туку на бугарската кауза во Македонија и Западните бугарски покраини. Веднаш удбашите, Србите, контраразузнавањето, почнаа да ги апсат Бугарите таму, изјави во утринската емисија на БНТ, бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.
Според него, во Македонија веднаш се разгорела, како што вели, антибугарска хистерија како се продавале бугарските пасоши, како се стопираат, како немало да има во иднина.
И тука, тие кои ги водат тие напади, кусогледи и нечесни луѓе, не водат сметка дека заради политичките амбиции и наштетуваат на бугарската кауза, која повеќе од сто години е на удар во Македонија и Западните бугарски покраини, и тоа е тешка провала, додаде Џамбаски.
Според него, ако имало злоупотреби во Агенцијата за Бугарите во странство, виновниците треба да бидат судени и осудени. Тој потсети дека девизата на неговата ВМРО секогаш била да нема никакви пречки, да нема тесни грла, да може секој кој се чувствува Бугарин во Македонија да си го добие државјанството.
Ние велиме да го востанови, зашто во 44-та година сите тие македонски Бугари се поданици на царството Бугарија. Бугарија не им го откажала државјанството, Бугарија немала државјанство и поданство. Едноставно, таа бугарска земја беше окупирана од Југославија по предавството на Комунистичката партија и по влегувањето на Црвената армија, потенцира Џамбаски.
Comments are closed for this post.