Пред 6 години на јавноста ѝ беа обелоденети изборни измами, партиски вработувања, непотизам, компромитирано судство, местени судски процеси, местени тендери, организиран криминал, коруптивни скандали, криминално богатење на политичари и поединци, злоупотреба на службени овластувања, преговори за името, контрола на медиуми… Тогаш тоа се нарекуваше клептократски-авторитарен режим. Денес секојдневно ни се случува истото. Сѐ уште сме во истиот тој хибриден режим со истите проблеми, се вели во денешното соопштение на партијата Твоја по повод шестгодишнината од објавувањето на „бомбите“.
Comments are closed for this post.