Трипати поголема социјална помош, како гарантиран минимален приход, за најголем дел од семејствата во социјален ризик, преквалификација и доквалификација на работоспособните приматели со цел да можат да се вратат на пазарот на труд, како и олеснување на пристапот до детски додаток, предвидува реформата на социјалниот систем што ќе стартува на почетокот на следната година, а од февруари 2019 година корисниците на социјална помош можат да очекуваат повисоки износи.

Согласно измените што ги презентираа денеска премиерот Зоран Заев и министрите за труд и социјална политика и за финансии Мила Царовска и Драган Тевдовски, четириричлено семејство, со едно работонеспособно лице ќе добива 11.700 денари, а семејство со двајца возрасни и две деца 10.600 денари.

Министерот за финансии Тевдовски појасни дека за спроведување на овие реформи за идната година се издвоени 2,2 милијарди денари.