Во судир на Рено 5 и Мазда 323, една 65-годишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди и е итно ренесена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Повредената Ј.Г., била сопатничка во маздата управувана од 51-годишниот Т.Ц., исто така од Скопје, кој не бил повреден.

И во реното имало двајца патници, возачот Г.Г. (69) и 48-годишната сопатничка Л.Ц., коишто со телесни повреди биле префрлени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Сообраќајната несреќа се случила на крстосницата меѓу булевар „Борис Трајковски“    и булевар „Србија“.